Преглед

Владата на Викторија инвестира во паркот Plenty Gorge Park во земјата на Вурунџери.

Ова вклучува создавање врска со патеката Plenty River Trail (19,3 милиони долари), надградба на излетничката област Hawkstowe Picnic Area (800.000 долари) и реновирање на кампингот Nioka Bush Camp (383.500 долари).

Втората фаза на консултации (подготовка на нацрт-планови) сега е отворена и ќе трае до
11 јули 2021 г.

Патека Plenty River Trail

Создаваме нова патека во паркот Plenty Gorge Park.

Оваа инвестиција од 19,3 милиони долари преставува дел од Програмата за паркови во приградските области што ќе ги поврзе локалните заедници и посетители со паркот Plenty Gorge Park.

Новата патека Plenty River Trail ќе ја воспостави врската што недостасува помеѓу University Hill (Бандура) на југ и Дорин на север.

Нацрт-плановите покажуваат нова патека што ќе го поврзе север со југ вдолж реката Plenty River и ќе им овозможи на посетителите подобар пристап до и низ паркот Plenty Gorge Park.

Новата патека ќе се поврзе со новите железнички станици во Mernda и Hawkstowe, со што ќе овозможи активни транспортни опции за љубителите на пешачење и велосипедистите низ овој спектакуларен парк што се наоѓа 20 километри надвор од центарот на Мелбурн.

За да го кажете своето мислење:

поставете „иглички“ за да споделите повратни коментари користејќи ја интерактивната мапа подолу

пополнете ја анкетата (под мапата)

присуствувајте на непланираните сесии (видете ги клучните датуми десно), или

пратете е-пошта на engage@parks.vic.gov.au или јавете се на 13 19 63.

Parks Victoria им се заблагодарува на големиот број луѓе што го дадоа нивниот придонес во Првата фаза на консултации во 2020 година.

Втора фаза на консултации

Анкета

Нацрт-плановите ја покажуваат новата патека Plenty River Trail што ќе го поврзува северот со југот вдолж реката Plenty River и вдолж западната страна на паркот Plenty Gorge Park.

Исто така, се планираат и споредни патеки, за да можат корисниците да уживаат во пократки повратни кружни прошетки.

Трите моста ќе ги поврзат заедниците кои живеат на источната страна со оние на западната страна на реката Plenty River.

Тие вклучуваат:

  • обновување на мостот на водоводниот канал во Марунда на југ,
  • нова врска со реонот Blue Lake и
  • постоечкиот премин на мостот во близина на Bridge Inn Road на север

Патеката ќе ја истакне природната убавина и ќе го прослави културното богатство на паркот Plenty Gorge Park.

Ова ги вклучува мочуриштата Tanunda, историските локации и популарното езеро Blue Lake.

Љубителите на пешачење и велосипедистите можат да уживаат во дивите глетки, да се одморат или да ги истражат мочуришта во шесте нови видиковци планирани вдолж патеката.